Надминати се проблемите со Беласица и нејзината трансформација во Здружение на граѓани, односно во „АД”. Па така ФК Беласица од страна на надлежната комисија на Фудбалската Федерација на Македонија, ја доби потребната лиценца и со тоа ќе може да се натпреварува во Првата лига во сезоната 2018/2019.
Да потсетиме дека токму поради ова, поради проблемите на струмичани и нејзината трансформација, одложен беше стартот на новата сезона од 5 на 12 август.
Но сега нема никакви проблеми, сега на 1 август ќе се одржи ждрепката а на 12 август и официјално ќе се играат натпреварите од првото коло, со сите 10 клубови.