Маестрални: „Астрионци“ со трета победа во серија!

октомври 17, 2018

Еден од поинтересните натпревари во 5. коло од 2. Група во Првата машка лига беше одиграна меѓу Астраион од Струмица и Младост 09 од Богданци. На овој дуел бодовите останаа за домашните кои покажаа дека се подготвени за висок дострел и покажаа дека сезонава можат да одат до плеј-оф групата.

Во текот на целото прво полувреме составот на Астраион имаше водство. Постојано беше во позитива од 2-3 гола, а на одмор се замина со предност од четири погодоци.

Оваа игра продолжи и понатаму, но гостите од Богданци успеваа да останат во игра за победата. Приклучок фатија пред крајот. Израмнија на 25:25 и тука се очекуваше можеби и пресврт. Сепак, Астраион имаше ракометари со подобри нерви и тие поведоа со 27:25, па на крајот гостите постигнаа гол само за минимален пораз на овој дуел.

Ова беше триумф број три по ред за струмичани кои остануваат во трка за висок пласман. Имаат десет поени и само поен помалку од лидерот Металург јуниор.

АСТРАИОН – МЛАДОСТ 09 27:26 (15:11)

Сала: Парк во Струмица. Гледачи: 700. Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски од Скопје. Делегат: Зоран Јовановски од Штип.

АСТРАИОН: Гогов, Перовановиќ, Кочев 2, С. Стојанов 5, Ефтимов, Велков, Партинов, Ж. Стојанов 2, Беџовски 2, Нурев, Катранџиев 4, Каркалашев, Касапов 5, Котевски, Ончев 7.

Седмерци: 2/3, Исклучувања: 2 мин.

МЛАДОСТ 09: Димитров, Стојановски, Јефремов, М. Караиванов 4, Крајчев, Лисичков 6, Џалев 2, Камчев, Узунчев, В. Караиванов 1, Тасев, Ташков 6, Стојковски, Митревски 7.

Седмерци: 3/4, Исклучувања: 10 мин.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ