strumica denes logo

ИСКУСНИОТ ТРЕНЕР ВАНЕ МИЛКОВ КОЈ ЈА ОДНЕСЕ БЕЛАСИЦА ВО ПРВА ЛИГА, ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА ГО ВОДИ ТИМОТ И НАРЕДНАТА СЕЗОНА!

Автор:

Датум:

јуни 11, 2020

Категории:

Спорт

Автор:

Датум:

јуни 11, 2020

Категории:

Спорт

Досегашниот шеф на стручниот штаб ќе ја води нашата екипа и наредната сезона во ПМФЛ. Да се потсетиме, по отпаѓањето од ПМФЛ, минатата сезона младиот стратег беше назначен за шеф на стручниот штаб и направи огромен успех, враќајки ја експресно ФК Беласица таму каде што припаѓа.

„Им благодарам на претседателот на клубот и управата за укажаната доверба и наредната сезона да останам на оваа позиција. Оваа прилика ќе ја искористам јавно да упатам честитки до сите мои фудбалери за влезот во прва лига, и да им изразам голема благодарност затоа што неуморно, пожртвувано, посеветено и дисциплинирано, на секој тренинг и натпревар го даваа својот максимум. Момци ВИЕ сте најзаслужни за враќањето на ФК Беласица во ПМФЛ. Исто така голема благодарност и до Претседателот на клубот, и до целиот мој стручен штаб, управен одбор и сите колеги во клубот како и голем дел на млади фудбалери од младинската школа кои беа дел од тренажниот процес низ сезоната. Вашата помош и поддршка ни беа неопходни за да ја исполниме зацртаната цел, да ја вратиме ФК Беласица на местото каде што припаѓа. Во моментот можам да ветам само една работа. Јас и мојот стручен штаб ќе дадеме се од себе за ФК Беласица овојпат да остане во елитата. Ќе го вложиме целиот наш труд, напор и знаење за да ја исполниме оваа цел.” – изјави Милков.

Му посакуваме среќа и успех во новата сезона.