ФК БЕЛАСИЦА е градски бренд, срцето на Струмица, гордоста на градот. За сегашната ситуација во клубот, зборуваме накратко со Пинда Славчо, претседател на ФК БЕЛАСИЦА.
СТРУМИЦА ДЕНЕС: Каква е моменталната атмосфера во ФК БЕЛАСИЦА?
ПИНДА СЛАВЧО: ФК БЕЛАСИЦА се движи полека но сигурно кон врвот на табелата во втората фудбалска македонска лига. За разлика од минатите години, оваа година втората фудбалска македонска лига е најконурентна и неизвесна. Во буквална смисла на зборот, секој на секого може да победи, а тоа се докажа и во досегашниот дел од првенството. Но, ФК БЕЛАСИЦА оваа година има вистинска шанса за враќање во првата македонска фудбалска лига.
СТРУМИЦА ДЕНЕС: Кој според Вас ќе биде клучен натпревар за ФК БЕЛАСИЦА?
ПИНДА СЛАВЧО: Во сабота во 14:00 часот играме важен натпревар против екипата на ФК Плачковица и доколку победиме на истиот ќе се приближиме на врвот на табелата. Инаку, сите натпревари до крајот на првенството се важни. Јас како претседател на ФК БЕЛАСИЦА ја повикувам целата струмичка публика да дојде на градскиот стадион „Благој Истатов – Младост“ и да ја поддржиме струмичката гордост. Исто така им се заблагодарувам на најверните навивачи, струмичките „Ајдуци“ кои неизмерно ја подржуваат ФК БЕЛАСИЦА во секој натпревар и ги повикувам да дојдат и тие во уште поголем број.
СТРУМИЦА ДЕНЕС: Претходно имавте став дека ФК БЕЛАСИЦА нема доволна финансиска помош од општина Струмица. Каква е ситуацијата во моментот?
ПИНДА СЛАВЧО: Ние секогаш сме во добри односи со општината, разговаравме со градоначалникот Костадинов и во заедничка дискусија одлучивме заедно во последната полусезона заедно да се избориме да ја вратиме ФК БЕЛАСИЦА во прва лига и да ги подобриме инфраструктурните објекти околу стадионот за општо добро на сите. Искрено, се надевам дека буџетот за ФК БЕЛАСИЦА ќе биде задоволителен, како и што заслужува нашиот градски бренд.