Струмичани едногласно на социјалните мрежи бараат стадионот „МЛАДОСТ“ во Струмица да биде преименуван во „БЛАГОЈ ИСТАТОВ“. Во коментар под постот може слободно да го дадете и вашето мислење.
Инаку, Стадионот Младост, или Градски стадион Струмица е изграден во 1950 година со капацитет од 9.200 гледачи, повеќе пати реновиран, сега веќе со 2 модерно опремени трибини со столчиња, од кои едната е покриена. Има околу 30 простории кои ги задоволуваат сите критериуми на ФИФА и УЕФА за одигрување на меѓународни натпревари. На стадионот освен централното игралиште има уште 4 помошни игралишта.