Со заминувањето на Ѓоко Хаџиевски од Беласица, од редовите на струмичкиот прволигаш вчера си заминал и Раде Цицмиловиќ, првиот помошник на Ѓоко во изминатите неколку кола. Имено познато е дека тој ја внесе Беласица во Првата лига и со неговото име се врзани најголемите успеси на овој клуб во последните неколку години. Секако дека за овие последни резултати Цицмиловиќ воопшто не е виновен со оглед на тоа дека по првите неколку кола од пролетниот дел, раководството на клубот му ја довери тренерската палка на екс-селекторот Ѓоко Хаџиевски а Цицмиловиќ остана во стручниот штаб како негов прв асистент. Па така сега по заминувањето на Хаџиевски логично беше од клубот да си замине и Цицмиловиќ кој во последните две години во неколку наврати беше повикуван од страна на струмичани да им помогне во водењето на екипата кога и беше најтешко. Сега приоритет на овој тренер ќе му биде во најскоро време да ја добие таа потребна ПРО лиценца за да може без проблем да води прволигашка екипа.
И РАДЕ ЦИЦМИЛОВИЌ СИ ЗАМИНА ОД БЕЛАСИЦА!
📌Родителски фронт во вторник, на ден 24.12.2024 година, со почеток во 17 часот, во Киноверзум, во Домот на културата,, Билјана…
Се вработуваат две лица за работа во ОБЕЗБЕДУВАЊЕ во Струмица. Потребно е претходно работно искуство и да поседуваат лиценца. Сите…
По завршувањето на вонредно изборно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), новиот претседател Масар Омерагиќ одржа состанок со членовите…
Денеска (22.12.2024) полициски службеници од СВР Струмица извршиле контрола во угостителски објекти на подрачје на Струмица. Притоа, во еден угостителски…
Владимир Ристов, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ: Од вечерва почнуваат подготовките за големата победа на…
На 23 декември, понеделник, Струмица ќе биде сведок на уникатен настан – шестминутното шоу на 150 дронови од Coca-Cola, кое…