Џенова го слави Горан Пандев откако македонскиот капитен го постигна голот за победа над Сасуоло (2-1), со што оваа екипа си ги зголеми шансите во битката за опстанок. Голот дефинитивно е меѓу најсреќните во кариерата на „Гранде Пандев“, кој паднат на земја со глава успеа да ја смести топката во мрежата.
Резултатот гласеше 1-1 се до самиот крај, кога Џенова тргна во контранапад, а Пандев иако на залезот од кариерата успеа да истрча пред гостинските дефанзивци. Тој добро се снајде, па по одбиената топка иако беше паднат на земја, најде начин да ја затресе мрежата на гостинскиот состав.
Ова беше четврти погодок на Пандев сезонава и нема сомнеж дека Македонецот ќе биде меѓу главните адути на Џенова во битката за опстанок што ќе трае во преостанатиот дел од сезоната.