Гостивар и Борец на ФФМ, победникот со Победа во Струмица

мај 22, 2018

Од страна на фудбалската федерација на Македонија предмалку е донесена одлуката бараж средбите за пласман односно опстанок во првата македонска фудбалска лига за сезонава да се идграат во Скопје односно Струмица.

Поточно, бараж средбата помеѓу Гостивар и Борец која ќе одлучува која од овие две екипи ќе играат против Победа, е закажана за 30. мај во 16:30 часот на комплексот Петар Милошевски во Скопје. Победникот од овој меч од двата второпласирани тима, во западната односно, источната второлигашка конкуренција сезонава, ќе се сретне со тимот на Победа Прилеп. Овој бараж меч ќе се игра во Струмица на 3. јуни, исто така во 16:30 часот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: