Гордоста на Струмица му „откина“ бод на најтрофејниот

септември 2, 2018

Екипата на Беласица одигра машки натпревар против Вардар и пред домашната публика дојде до бод (1-1), прв по враќањето во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Струмичани покажаа голема борба на „Младост“ и заслужено се радуваат на бодот. Вардар повторно имаше проблеми со реализацијата, а играта не беше подобрена во однос на претходниот дуел со Македонија Ѓорче Петров. На најтрофејниот сигурно ќе му годи двонедената репрезентативна пауза, а Васоски ќе има полни раце работа, за да ја подобри играта пред продолжението на сезоната и дуелот со амбициозниот Шкупи.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: