Еден од најнадежните македонски фудбалери, Дејан Илиев се пофали со шампионскиот трофеј освоен со својот Арсенал, во рамки од младинската Премиер лига до 23 години.
„Топџиите“ до овој голем успех стигнаа благодарение на одличниот финиш на сезоната и клучната победа на гости кај Вест Хем од 1-3. На втората позиција заврши тимот на Ливерпул, додека изненадувачки е пласманот на Манчестер Јунајтед, кој како последен (12.) следната сезона ќе игра во еден ранг понизок.
За Илиев, кој оваа пролет бележеше одлични партии, ова е негов прв голем трофеј со лондонскиот клуб и да се надеваме дека нема да му биде последен.