Проектот на нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев е пред самиот крај, и конечно неговиот фудбалски клуб Академија Пандев ќе добие спортски центар со најсовремени услови.
Спортскиот комплекс во Струмица, се гради според италијански стандарди, а како што најавуваат од клубот, полека но сигурно го добива својот лик. Теренот кој е со природна трева веќе е во функција, се работи на трибинскиот простор како и соблекувалните и службените простории.
Фудбалерите ќе имаат сè што ќе им биде потребно на располагање, а теренот ќе има трибина од околу 400 места и се очекува Академија Пандев во новата сезона да ја започнеме токму во својот во нов дом кој ќе ги нуди сите услови кои се потребни на еден професионален клуб.