strumica denes logo

ФОТО: Џенова на македонски јазик му го честита 35. роденден на Горан Пандев

Автор:

Датум:

јули 27, 2018

Категории:

Спорт

Автор:

Датум:

јули 27, 2018

Категории:

Спорт

Еден од најдобрите македонски фудбалери во историјата, Горан Пандев, денес го слави својот 35. роденден и тоа како член на италијанска Џенова.

Калчолигашот испрати честитка до својот ветеран и тоа го направи на англиски, но и на македонски јазик.

Фудбалерот од Струмица ја започна кариерата во Беласица, од каде се пресели во Интер, па заигра во Лацио, а потоа повторно се врати меѓу „неразурите“. Наполи му беше трет италијански клуб, по што следуваше авантура во Турција, во дресот на Галатасарај.

Од 2015 година, па се до денес, Пандев е дел од екипата на Џенова, каде прифати помала плата со цел да настапува во италијанската елита.