Македонската фудбалска федерација денеска ги пушти во продажба билетите за финалниот натпревар Пелистер – Шкендија од Купот на Македонија.
ената на еден билет е 100 денари, а ќе може да се набави преку официјалниот дистрибутер на Фудбалската федерација на Македонија, „MkTickets“.
– Карти за финалето од националниот куп кое ќе се одигра на 23 мај на стадионот „Младост“ во Струмица може да се купат и на следните продажни места: ТА Ана Турс – Битола; Тобако Монако – Тетово; Кафе бар Концепт – Струмица, информираа од ФФМ. /МИА