strumica denes logo

БРАВО: Беласица и Македонија ЃП во сабота ќе играат за малата Нина

Автор:

Датум:

ноември 6, 2018

Категории:

Спорт

Автор:

Датум:

ноември 6, 2018

Категории:

Спорт

Фудбалскиот клуб Беласица влегува во друштвото на мноштвото спортски клубови од нашата држава и донесе одлука саботниот натпревар против Македонија Ѓорче Петров да биде од хуманитарен карактер.

Од таборот на струмичкиот тим информираат дека цените за билетите за овој дуел ќе чинат 100 денари, а собраните средства ќе бидат донирани за помош на младата Нина Димитриевска.

„Почитувани симпатизери, фанови и љубители на фудбалот, почитувани сограѓани. В сабота Беласица ја пречекува екипата на Македонија Ѓорче Петров на стадионот „Младост“. Влезниците за овој натпревар ќе чинат 100 денари, а средствата од сите продадени влезници ќе ги донираме за помош на малата Нина Димитриевска“, соопшти Беласица.

Натпреварот меѓу Беласица и Македонија Ѓорче Петров се игра в сабота, на стадионот „Младост“ со почеток од 13:00 часот.