strumica denes logo

Беласица сака ’романтично’ попладне во Скопје!

Автор:

Датум:

април 3, 2019

Категории:

Спорт

Автор:

Датум:

април 3, 2019

Категории:

Спорт

Беласица во минатото коло ја оствари првата победа по речиси четири месеци, па сега тренерот Ѓоко Хаџиевски и фудбалерите со позитивна енергија патуваат за Скопје, на дуел против Работнички. Сметаат дека можат да извлечат поволен резултат, доколку ја повторат играта од минатиот меч против Шкупи.

„Мислам дека го пронајдовме тимот, формацијата, работите легнаа. Одигравме одличен меч против Шкупи и сега би сакале таа енергија да ја префрлиме и на денешниот натпревар против Работнички. Домаќинот има силен состав, но ние веруваме во нашите квалитети и се надеваме дека можеме да оствариме позитивен резултат“, вели Ѓоко Хаџиевски во пресрет на пресметката на нашиот најголем стадион (15.30 часот).

Силекс е тимот што Беласица сака да го „улови“ при бегството од опасната зона. Кратовци денеска ја пречекуваат Македонија ЃП, која исто така се наоѓа во добра форма. Победа во Охрид ќе биде домаќин на Вардар и тоа можеби е една од последните шанси за прилепчани да направат исчекор за спас од најлошото.

ПМФЛ – 26. КОЛО (денеска, 15:30 ч.)

Струмица: АК. ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА

Скопје: РАБОТНИЧКИ – БЕЛАСИЦА

Охрид: ПОБЕДА – ВАРДАР

Тетово: РЕНОВА – ШКУПИ

Кратово: СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП

ИЗВОР:ЕКИПА.МК