strumica denes logo

БЕЛАСИЦА ПОВТОРНО ИЗГУБИ НА ДОМАШЕН ТЕРЕН, „ЛАВОВИТЕ“ НАПРАВИЈА ГОЛЕМ ЧЕКОР КОН ФИНАЛЕТО!

Автор:

Датум:

февруари 28, 2019

Категории:

Спорт

Автор:

Датум:

февруари 28, 2019

Категории:

Спорт

Македонија Ѓорче Петров ја совлада Беласица со 0-1 во првиот полуфинален натпревар од Купот на Македонија што се одигра на стадионот „Младост“ во Струмица. „Лавовите“ беа подобар противник во текот на целиот меч, а победничкиот погодок го постигна Едуардо Карваљо во 33.минута. Тој се реши на удар од 20 метри и погоди на вистинското место, за предност на Македонија ЃП во пресрет на реваншот во Ѓорче Петров.

Карваљо во првото полувреме го погоди и дирекот од голот на Беласица, а имаше изгледна шанса и во вториот дел. Боби Божиновски исто така пропушти убава можност да постигне втор гол за „лавовите“.

Најубавата шанса за Беласица ја имаше Пепи Георгиев во 75.минута. Тој шутираше од десетина метри, но Марко Јовановски успеа да го скроти неговиот удар.

Реваншот е закажан за 10 април, на стадионот во Ѓорче Петров.

Во вториот полуфинален натпревар се среќаваат Академија Пандев и Победа. Првиот меч е на програмата на 6 март на стадионот „Младост“ во Струмица.