Атанас Мишев – Џонстон, едно од најбрзите десни крила на струмичкиот фудбал!

јули 8, 2023

Атанас Мишев – Џонстон, едно од најбрзите десни крила на струмичкиот фудбал кој настапуваше за Тиверија, Беласица, Вардарски и Илинден. За Беласица игра две сезони, притоа настапува на 46 првенстени натпревари и постигнува 5 голови.

Дебитира во Првата македонска лига во 1975 во тимот на Тиверија, на своја 21 година. Во својот прв натпревар против Охрид, го дава и својот прв гол. Во првата своја сезона (1975/76) настапува на 19 натпревари и постигнува два голови. Во есенскиот дел настапува во офанзивниот дел од тимот заедно со Кире Рингов, Митко Секулов, Галевски, Благој Карамучев и Томе Стојанов. Во сезоната 1977/78 настапува за Илинден од Моноспитово, за летото 1978 година повторно да се врати во Тиверија. Во сезоната 1978/79 за Тиверија одигрува 30 натпревари и постигнува 9 голови и е втор стрелец на тимот, зад Т. Балдовалиев со 16, а во нападот играле и В.Стоилов, М. Кусиванов, В. Милушев, В. Попов, В. Атанасов и Р. Божинов (во неговата единствена играчка сезона во струмичкиот фудбал).

И следната 1979/80 игра за Тиверија во Меѓурегионалната лига – Исток и со 6 голови пак е втор стрелец на тимот. Во последната негова сезона во Тиверија,1980/81 е убедливо најдобар играч и стрелец на тимот со 13 голови. Со околу 90 натпревари и 30 голови во Тиверија остава траен печат за овој тим и во летото 1981 година преминува во Беласица. Во Беласица дебитира во првото коло во Богданци против Вардарски со гол во 85 минута и прогласен е за играч на натпреварот. Настапува стандардно на десно крило, постигнува и два голови против Борец од Велес. Најдобар есенски стрелец е на тимот со 3 голови, а во офанзивата настапува со М. Василев, В. Стојков, П. Андреев и Т. Стојанов. На крајот од сезоната забележува 28 натпревари со постигнати 4 голови.

Во следната сезона 1982/83 игра стандардно во есенскиот дел во нападот покрај В. Стојков, М. Василев, М. Георгиев-Шеки и Т.Стојанов. на крајот од сезоната има одиграно 18 натпревари и 1 постигнат гол, со што помага, Беласица за прв пат во својата историја да стане шампион на Македонија. Во летото 1983/84 преоѓа во Вардарски од Богданци, каде настапува заедно со Морарцалиев, И. Андреев, Р. Анчев, а под раководство на М. Џртев. Кариерата ќе ја заврши во своето родно Моноспитово и локалниот тим, Илинден.

Познат по својата брзина и продорност остави длабока трага во струмичкиот фудбал.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ