Младинскиот репрезентативец на Македонија, Филип Трајановски со крајот на сезоната ја заврши соработката со Академија Пандев.
Раководството на струмичкиот прволигаш се одлучи да му се заблагодари на Трајановски кој една сезона беше член на Академија Пандев. Тој во Струмица пристигна од шведски Гаис.
Согласно најавите, за услугите на Трајановски заинтересирани се неколку домашни прволигаши, па извесно е дека и следната сезона останува во македонскиот фудбал.