Еден од најталентираните фудбалери од младинскиот погон на Академија Пандев, 18-годишниот Емир Скендери во следниот шампионат ќе го носи дресот на второлигашот Кожув од Гевгелија. Талентираниот напаѓач минатата сезона одигра два натпревари за струмичкиот прволигаш, а сега ќе има можност да игра во континуитет.
Младиот репрезентативец е еден од оние „бисери“ во кои Академија Пандев полага големи надежи и ќе му даде простор да игра, како би стекнал потребно искуство за да се врати во клубот од Струмица.
Академија Пандев летово ја напуштија Балдовалиев и Вујанац, кои потпишаа за Беласица и Костадин Чешмиџиев кој се приклучи кон шампионот Шкендија.