strumica denes logo

Академија Пандев ги стартуваше припремите, договори неколку „тест“ меча во Бугарија

Автор:

Датум:

јуни 11, 2019

Категории:

Спорт

Автор:

Датум:

јуни 11, 2019

Категории:

Спорт

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Екипата на Академија Пандев зад себе ја остави најдобрата сезона во својата клупска историја. Првата македонска фудбалска лига ја заврши на третата позиција и за првпат обезбеди европска сцена, а одличната сезона ја круниса и со својот прв трофеј, откако триумфираше во Купот на Македонија.

Сега, пред „пандевци“ претстојат европски предизвици, па затоа Југослав Тренчовски веќе ги собра своите фудбалери и ги започна подготовките за квалификациите за Лига Европа.

Првите десет дена ќе се тренира во Струмица, потоа се оди на подготовки во Банско, Бугарија. Веќе се закажани и првите пријателски натпревари:, на 13 јуни во Благоевград против Локомотив Пловдив и на 19 јуни против Берое Стара Загора во Банско, Бугарија.

Поради репрезентативни обврски неколку фудбалери од У19 и У21 селекцијата на Македонија отсуствуваа на прозивката, па тимот ќе се комплетира во наредните денови.