Наташа Андонова, најдобрата македонска фубалерка им ја претстави Македонија на навивачите на Барселона, во интервју за клупската телевизија. Андонова во петминутното интервју зборува за убавините на Македонија, за родниот град Неготино, за Струмица, Скопје, традициите во нашата држава за Велигден и за Божиќ, за традиционалните јадења, но и за македонската азбука и кирилицата.
Најдобрата македонска фудбалерка со ова на најубав начин ја промовираше земјава пред милионите навивачи на Барселона, не само во Каталонија, туку и низ целиот свет.
https://www.facebook.com/FCBfemeni/videos/1647857988623117/?t=16