СТРУМИЧАНЕЦОТ МАРТИН ГОЦЕВ Е ДРЖАВЕН ПРВАК ВО ШАХ И ЌЕ ЈА ПРЕТСТАВУВА МАКЕДОНИЈА НА ИДНОТО СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО ГРУПАТА ДО 10 ГОДИШНИ ДЕЦА!

јуни 21, 2023

МАРТИН ГОЦЕВ е првиот ДРЖАВЕН ПРВАК во историјата на ШК Цареви Кули од Струмица кој на Шаховското Младинско Државно Првенство на Македонија за 2023 година, после 9 одиграни кола, успеа да освои 7,5 поени и со тоа попладнево како ПОБЕДНИК се закити со ЗЛАТЕН медал и доби пехар, во групата до 10 годишни деца.

Со овој одличен резултат, талентираниот Мартин ќе има право да ја преставува нашата земја на идното Светско првенство.
Во истата група, Мартин Велков кој одигра задоволително, го освои дванаесеттото место, постигнувајќи 5 поени.

Браво и честитки!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: