strumica denes logo

Јанта и Наковски волеј од Струмица, актери во првото дерби на одбојкарската сезона!

Автор:

Датум:

октомври 24, 2022

Категории:

Спорт, Струмица

Автор:

Датум:

октомври 24, 2022

Категории:

Спорт, Струмица

Второто коло во македонската одбојка го содржи првото вистинско дерби на екипи кои се претенденти за највисок пласман сезонава. Актуелните вицепрвенки од Јанта волеј Кисела вода ќе го пречекаат составот на Наковски волеј во соочување за најава на натпреварувачката 2022/23.

Двете екипи се радуваа на премиерата, така што поуспешниот ќе го задржи максималниот биланс во контекст на победите, но во зависност од резултатот, може да го препушти првото место на табелата на шампионките од Работнички Скопје.

Прва лига (жени)
Второ коло:
Работнички Скопје – Македонија Макс 3-0
Вардар ЕМ – Фит фан волеј (сабота, 19:30)
Струмица жени – Вардар жени (понеделник, 18:00)
Јанта волеј – Наковски волеј (понеделник, 19:30)