АЈДУЦИ СТРУМИЦА:
Поминаа 14 години откако нашата љубов, нашата гордост, страст и емоција, одигра тешки и поразителни сезони во Втората и Третата фудбалска лига… Сите тие години газевме по калта за само и само да бидеме со нашиот клуб, ни се кршеа срцата кога губевме од непостоечки екипи, кога во неколку обиди одигруваш бараж натпревари за повисок ранг, но за жал и тогаш добивме шамар и разочарување. Сега, после точно 14 години, нашиот клуб со огромни АМБИЦИИ се враќа во елитата, таму каде што припаѓа, таму каде што струмичани добро ја паметат БЕЛАСИЦА!
Утре, во 16:30 играме против Кожуф, ги повикуваме сите Ајдуци, од најстарите до најмладите, симпатизери на Беласица, сите струмичани, заедно да ги прославиме овие среќни моменти кои не следуваат во овие последни кола од сезоната!
15:30ч собир на Летниковец до Стадион Младост.