КОСТА КОСТАДИНОВ: ПОЧИТУВАНА ЕЛИ, ДАЛИ ЗНАЕШ ВМРО-ДПМНЕ КОЛКАВ ДОЛГ ОСТАВИ ВО ИНСТИТУЦИЈАТА ПРЕД КОЈА ДРЖЕШЕ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА?

ноември 16, 2020

Коста Костадинов, пратеник од редовите на СДСМ:

Да се занимаваш со политика е нешто повеќе од само голо напаѓање на противникот без да се има елементарно познавање за нештата за кои зборуваш.

Имено, токму тоа го направи денес колешката од вмро-дпмне од Струмица, почитуваната Ели.

Без трошка емпатија кон здравствените работници, излезе да критикува.
Порано мислев дека е само гол послушник на деструктивните политики на Мицкоски, но сега добивам впечаток дека е силен застапник.

За жал мораме да констстираме дека Ели навистина верува во лагите на Мицкоски, Вело Марковски и останатата екипа.

Жално за нејзе..
Која е вистината, која би требало како претставник на граѓаните почитуваната колешка Ели да ја знае, во спротивно ќе заклучиме дека пратеничката не доволно ја следи работата на институциите што впрочем е и една од нејзините обврски, ама нејсе.

1.Почитувана Ели, дали знаеш твоето вмро дпмне колкав долг остави во институцијата пред која денес држеше прес конференција?
Веројатно не знаеш.
Во текот на владеењето на дпмне долгот бил 105.000 евра.
Вистината е дека сега долгот е 0 денари, благодарение на заложбите и трудот на директорката Љубица Митева.

2.Драга колешке Ели, за мене здравствените работници беа херои и пред кризата, не само сега.
Дали знаеш колку тимови работеле во ИМП за време на владеењето на дпмне?
И тоа не знаеш сигурно!
5 тимови деноноќно работеле ви ИМП, а ниту ти ниту останатите твои сопартијци не смогнавте храброст да побарате проширување, зголемување на тие тимови, се со цел да им излеземе во пресрет на граѓаните.

Сега, за 4 години од превземањето на владта од страна на СДСМ, ИМП располага со 10 тимови на лекари, спремни да излезат во пресрет на граѓаните!

3.Верувала ти или не 50 години не биле променети врстите во зградата на ИМП, 50 години не било реновиран тоалетот во истата зграда.
Срамота, да не ви текне барем за момент, за банална работа да извадите пари од вашиот џеб, а да санирате нешто што е елементарна потреба на граѓаните.

4.Драга Ели, секој кој поминал низ тие порти, а еден од таквите сум и јас, за време на вашето владеење сами си купувавме терапија од аптеките, оти и за тоа не мислевте вие, заборавивте за кого постоите…
За волја на вистината и тоа е решено, за 100% е зголемена квотата за ампуларна терапија во ИМП, за да поретко се случува пациентите сами да си ја купуваат и тоа е благодарение на актуелната директорка.

5.Поднесено е барање преку центарот за развој на југоисточен плански регион до Јапонската амбасада за реновирање на цела служба на ИМП, тоа вреди да го знаеш.

Почитувана колешке Ели, политиката е комплексна професија, бара многу ангажман, многу следење на активности на процеси, бара пожртвуваност, многу ноќи непроспиени, за да еден човек се смета себе за политичар.

Прес конференцијата е само знак за непознавањето на нештата.
За моите струмичани, за оние кои ме познаваат, кои комуницираат со мене, а ги има многу, знаат за мојата заложба, за моите искрени намери за континуирано подобрување на условите за живот за сите.

Немој да брзаш Ели, тоа ќе те однесе на еден друг пат од кое ќе биде тешко да се вратиш назад, патот на деструкцијата, патот на лагите не е она за што граѓаните не гласале.

Моја Струмицо, такви како Ели сме гледале многу, веројатно и во иднима ќе гледаме, но наше е да опстоиме, да се бориме, да бидеме гласни за потребите, за предизвиците.

Оти само така ќе не биде!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ