Одлична авантура за летото: МИА И ЈАС само во ПРОСВЕТНО ДЕЛО!

јуни 14, 2019

Од оваа едиција побарајте ги боенките, Книгата со постери и приказните во издание на Просветно дело

Миа е едно сосема обично девојче кое поседува таинствена книга за еден далечен волшебен свет наречен Сентопија. Еден ден се случи чудо: Миа се најде сред тоа прекрасно царство – како самовила која умее да разговара со еднорозите! Но овој прекрасен рај е во опасност. На Миа и нејзините нови пријатели самовили им претстои голема авантура: спасување на Сентопија!
Вклучете се во оваа прекрасна авантура запознавајќи ги ликовите: Миа, Јуко, Мо, Лирија, а тука се и еднорозите: Онкао, Огнениот, Земјениот, Воздушниот и Водениот Еднорог.
Во Книгата со постери може да ги пронајдете омилените ликови или еднорозите и да си ја збогатите домашната збирка постери. Може да ги залепите во некое пријатно катче во својата соба, а може да ги подарите на некоја блиска другарка. Прекрасни се, колоритни и со впечатливи илустрации во преден план.
Боенките МИА И ЈАС, три на број, изобилуваат со сите ликови од оваа едиција и на голем А4 формат можете да ги боите, сами или за помалите, со помош од родител. Имате и патоказ како да боите со веќе паралелно обоена прикажана слика или, пак, изборот за боење може да биде исклучиво ваша одлука.
Во приказните, кои се застапени со три наслова: „Доаѓањето на Миа во Сентопија“, „Мојата голема книга МИА И ЈАС“, „Изгубената трубичка“, Миа мислеше дека Сентопија постои само во приказните. Но, со помош на една волшебна и магична алка Миа ќе се најде во светот на самовилите и еднорозите. А, најубаво е тоа што во тој свет и самата е самовила и поседува единствена дарба да го разбира јазикот на еднорозите. Миа набргу дознава дека прекрасниот свет Сентопија е во опасност.
Откријте го овој волшебен свет на самовили и еднорози. Поминувајте го летото со нови и интересни содржини од овој мистичен и необичен свет.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ