МАШИНСКИОТ ФАКУЛТЕТ НА УГД СО ОДЛИЧНА ПОНУДА НА ПРОГРАМИ ОВАА ГОДИНА!

август 23, 2019

 

Машински факултет веќе 11 години запишува студенти во Струмица.

Оваа година конкурсот е отворен за следните студиски програми:

Производно Машинство
Каде со иновативна примена на наука и технологија се проектираат и произведуваат механички уреди, машини и системи.
Машинските инженери се одлични во дизајнирање комплексни предмети, машини и процеси.

Индустриско Инженерство
Го нуди најдоброто од двата света: инженерството и бизнисот
Индустриските инженери употребуваат статистичка анализа, дизајн, планирање, контрола на квалитет, управување со операции, компјутерска симулација за решавање на проблеми.

Мехатроника
Мехатроничките инженери интегрираат знаења од машинство со електроника, компјутерски системи и контролори за дизајнирање и конструирање на производи и процеси.
Се дизајнираат и градат роботи машински алати, автоматски системи од најразлични области …

Кликнете ОВДЕ за линкот кој води до конкурсот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: