Сите ја познаваме како еден од најголемите хуманисти во струмичко! Јасмина Јанчева која има свој салон за убавина во Ново Село, денеска слави 6 години постоење. Јасмина и е позната на јавноста по тоа што секоја година подготвува матуранти и полуматуранти од ранливата категорија, а исто така таа се грижи и за стилот на косата на децата од училиштето за деца со посебни потреби „Св. Климент Охридски“.
Салонот за убавина на Јасмина ви ги овозможува најдобрите фризерско -козметички услуги во оваа општина па и надвор од неа. Салонот за убавина „Јасмина“ работи со маникир, педикир, надградба на нокти, шминка, фризури, шишање, депилација на лице и тело, надградба на свители трепки, ви овозможува и лепење на веги влакно по влакно и третман на лице.
Всушност, оваа успешна госпоѓа целото свое искуство го стекнува од многуте обуки и семинари во земјава но и надвор од неа, се со една цел да бидат пренесени сите стекнати модни трендови во салонот за убавина „Јасмина“. Честитки од тимот на Струмица Денес.