Perdormise
Реклама

НОВО ВО СТРУМИЦА: РЕСТОРАН ТИВЕРИОПОЛ НА НОВА ЛОКАЦИЈА ВО ГРАДОТ!

Ресторан Тивериопол на нова и поголема локација во Струмица – на местото на поранешниот ресторан „Под оревчето“.
Ресторан Тивериопол продолжува по успешниот пат, со нова визија за вистинско гастрономско уживање. Секако, квалитетната храна и услуга остануваат наши императиви и препознатливи вредности…

Како и претходно, секојдневно подготвуваме дневно мени со широк избор на готвени јадења и специјалитети на скара. Во наша организација припремаме слави, веридби, крштевки, лангиди за новороденче, детски родендени, матури и други поводи во зависност од вашите потреби.

Нашата понуда продолжува со организирање деловни приеми, семинари и коктели со шведска маса во просториите на ресторанот Тивериопол, како и кетеринг услуги со целосна поддршка: подготовка, достава и сервирање на храна, вклучително и професионален инвентар.

Повелете во комфорно декорираниот и впечатлив амбиент на новата локација!