ЗА МНОГУ ГОДИНИ: На Бадник – небото се отвора, желбите се остваруваат!

јануари 6, 2020

Бадник не е само последниот ден од големите пости, туку и трепет исполнет со очекување да се роди Божјиот Син. Бадник е и еден од најважните семејни празници. Тој е посветен на домот, огништето, но и на починатите предци-роднини, кои исто така се сметаат за дел од семејството. По старата традиција, пред да се нареди празничната трпеза на Бадник, господарот на куќата треба да го запали огништето со дрвце, наречено Бадниково дрвце велејќи: “Колку искри, толко пилиња, телиња и дечиња во овој дом!” Според традицијата, во денот кога се очекувало да се роди дете, мажот со палењето на дрвото, требало да ги истера духовите на починатите и лошите луѓе од куќата. Во искрите од огнот пак се гледа каква ќе биде годината. Колку повеќе искри има, толку богата ќе е жетвата, кравите ќе се помлечни, а свињите – подебели. Затоа јадењата што се служат на трпезата имаат за цел да донесат плодност и среќа во текот на целата наредна година.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ