strumica denes logo

ЗА МНОГУ ГОДИНИ: Денеска го празнуваме СВЕТИ ВАСИЛИЈ ВЕЛИКИ!

Автор:

Датум:

јануари 13, 2020

Категории:

Празници

Автор:

Датум:

јануари 13, 2020

Категории:

Празници

По Божик, православните христијани на 14 јануари, го одбележуваат денот на Свети Василиј Велики во народот познат и како Василица односно Стара нова година. Според обичаите на тој ден се прави домашна погача во која домаќинките ставаат паричка, пеењето на василичарските песни во кој треба да биде опфатен тропарот на свети Василиј Велики, а некаде се практикува и палењето на огнот кои треба да ја симболизира светлината Божја во новата година.

Василица е голем и тежок празник, именден и куќна слава на многу македонски семејства. На Василица се крши леб или пита со паричка, која се верува дека носи среќа и бериќет.

Важно е ако ви се падне паричката каде ќе ја чувате. Секогаш парчето леб кое било наменето за вас треба да го изедете, а ако ви се падне паричката треба да постапите вака.

Никако паричката не треба да се фрли или заборави, туку да се стави до икона и да се чува до наредната година. Иако многумина ја чуваат во паричник или некој предмет, таа треба да стои до икона.