УТРЕ ЗАПОЧНУВА ВЕЛИГДЕНСКИОТ ПОСТ – НАЈДОЛГИОТ ПОСТ ВО ПРАВОСЛАВНАТА ВЕРА ВО ЧЕСТ НА СТРАДАЊАТА И ВОСКРЕСЕНИЕТО НА ИСУС ХРИСТОС!

март 14, 2021

Светата Четириесетница е востановена во чест на Страдањата и Воскресението на Господ Исус Христос. Според Типикот, се пости вака: за цело време на постот во сабота и недела е дозволена употреба на масло (освен саботата пред Велигден). Риба се употребува само на Благовештение и Цветници (Врбица). Ако Благовештение се падне пред Цветници, тогаш на денот на Благовештение се разрешува на масло и вино.

Големиот Велигденски или Чесен пост, најголем и најдолг пост во православната вера, почнува денеска и ќе трае до најголемиот христијански празник Велигден.
Според православните христијански канони, постот подразбира воздржување, молитва, покајување и како круна на се – света причест. Првата недела од Чесниот пост, кој трае 49 дена или седум недели се нарекува „Чиста“, а последната е „Недела на православието“.

Големиот Чесен пост не значи само одрекување од храна. Според православното учење, тоа е и израз на слободната волја, етичкиот став и израз на вистинската љубов кон Бога.

Постот не е гладување, ниту запоставување на трпезата, туку обврска која ја налагаат православните канони – да се направи избор на посна храна, без месо. За строгиот пост храната се подготвува само на вода, без масти и масло и тој се припишува на „Чистата недела“ – првата недела на Чесниот пост.
Големиот пост, велат православните учители, не учи на покајување, простување и вистинска молитва, да можеме во тишина да го дочекаме најголемиот христијански празник, бидејќи верата во Воскреснувањето е основа за христијанството.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ