Славчо Попоски со најнови анализи, Руски бран во државава и провејување на снег понатаму

ноември 15, 2018

Во текот на следните денови територијата на нашата држава ќе биде под влијание на студена воздушна маса од североисток која ќе услови северен и североисточен ветер и значително опаѓање како на утринските, така и на дневните температури на воздухот.

Утре ќе има услови за слаб локален дожд додека на повисоките места и на планините ќе има услови за провејување на слаб снег, во вечерните часови особено во јужните и во југозападните предели ќе има услови за локални врнежи од дожд додека на повисоките места и на планините ќе паѓа снег, снежната граница би можела да се спушти и под 1000 м.н.в што значи услови за провејување на снег ќе има и во некои од населените места.

Според моментално направените анализи поинтензивни врнежи од дожд и снег на планините ќе има во текот на ноќта недела кон понеделник.

На планините во текот на следниот период ќе има услови и за формирање на бела покривка.

Минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 2, максималните дсневни ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени додека во недела ќе биде уште постудено со максимални температури од 4 до 12.

Подготви: Славчо Попоски

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ