Последните зборови на Исус Христос чие значење треба секој да го знае!

април 27, 2019

Ова се последните зборови на Исус Христос кои ги изговорил пред да биде распнат на крст. Овие реченици има подлабоко значење, затоа прочитајте ги и запомнете ги!

Оче прости им, не знаат што прават! Со оваа реченица Христос покажал милост и кон своите непријатели и со тоа докажал дека извршителите на злочини никогаш не знаат што прават. Исмејувајќи го распнатиот Хростос, не биле свесни дека се смеат на самите себе и се претвораат во свињи. Со оваа реченица Бог ни порачува да не се светиме и да не посакуваме лошо дури на на своите непријатели т.е на оној кој не осудува, не оговара и ни се потсмева, бидејќи токму тој е оној кој ја пропушта Божјата милост и знаење и универзалната љубов која Бог ја пружа кон сите. Простете им бидејќи не знаат што прават!

Навистина ти велам – денес и ти ќе бидеш со мене во Рајот. Оваа Христова реченица е посветена на разбојникот кој исто така бил распнат на крст до него. Иако распнат, Исус својата мисија ја врши и во последниот час и миг. Тој ќе ги спаси и оние кои покажуваат и најмала волја да бидат спасени.

Жено, ете го син ти. Овие зборови Исус ги изговара на својата мајка која стоела под крстот на својот распнат син. Со овие зборови тој покажал грижа за своите родители што секој од нас мора да биде свесен за жртвата која родителите ја поднесуваат заради нас.

Боже, Боже мој, зошто ме остави? Со оваа реченица е искажана човековата немоќ бидејќи човекот страда. Оваа реченица го разбива и ересот, а тоа е дека боженството страдало на крст. Но, синот се престорил во човек за да може да умре за луѓето.

Жеден сум! Жеден за што? Вода или љубов? Оставен и распнат на крстот исмејуван од повеќето војници и понижуван ги изговара овие зборови. Затоа внимавајте како се однесувате кон своите ближни и дали правилно се однесувате кон нив, за да не ожеднат и тие поради недостаток на љубов.

Оче, во твоите раце го предавам Духот свој. Го предава својот дух во рацете на оној од каде што дошол. И да се знае каде ќе одат и нашите души, во рацете на спасителот наш.

Се заврши. Ова значи дека мисијата е завршена и искупен е човековиот род. Се завршува со смртта на синот Божји, се завршува маката, а животот почнува…

 

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: