strumica denes logo

МОЛИТВА КОН ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС! (Дај ми Ти што сакаш, кога сакаш и колку сакаш…)

Автор:

Датум:

јули 6, 2019

Категории:

Празници

Автор:

Датум:

јули 6, 2019

Категории:

Празници

Просвети ме добри Исусе, со сјајот на внатрешното светло и истерај ја од одајата на моето срце секоја темнина. Скроти ги многуте престапи и отклони ги силните напасти.

Бори се одлично за мене и истерај ги дивите ѕверови, т.е. земните страсти; за да бидам мирен во Твојата добродетел и да одекне изобилна благодарност кон Тебе во светиот двор, т.е. во чистата совест.

Заповедај им на ветриштата и бурите, речи му на морето:

Смири се! И на северниот ветар:

Не дувај! И ќе настане голема тишина.

Испрати го Твоето светло и вистина (Пс. 42,3) да светат на земјата, зашто јас сум земја пуста и празна додека Ти не ме просветлиш. Излиј ја одгоре Твојата милост, накваси го моето срце со роса, пушти ја водата на побожноста да го накваси лицето на земјата и да даде обилен и најдобар плод.

Подигни го духот, притиснат од тежината на гревот и насочи ги сите мои желби кон небеските работи. Та откако ќе вкуси од милината на небеската среќа, да замрзи да мисли на земното.

Зграби ме и оттргни ме од секоја минлива утеха и било кое создание, зашто ништо создадено не е во состојба потполно да го задоволи мојот копнеж и да ме утеши.

Приврзи ме за себе со неразврзливата живата врска на љубовта, зашто Ти единствено си доволен на оној којшто љуби, а без Тебе се е безвредно.

2 Господи, Боже, дај ми Ти што сакаш, колку сакаш и кога сакаш.

Прави со мене како што Ти се допаѓа, но така да можеме да Те препознаеме во Твоето дело.

Постави ме кајшто сакаш и постапувај со мене според Својата волја.

Во Твојата рака сум. Прави со мене што сакаш. Твој сум слуга, на се сум спремен.

Не сакам да живеам за себе, туку за Тебе и тоа потполно и достојно на Тебе.