strumica denes logo

ЉУБОВТА КОН БОГА Е НАЈДОБАР ЛЕК ЗА ДУШАТА!

Автор:

Датум:

октомври 28, 2020

Категории:

Празници

Автор:

Датум:

октомври 28, 2020

Категории:

Празници
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Архимандрит Партениј:

Самиот збор Црква значи заедница, а тоа е заедница на љубовта. Во овој денес толку суров свет на секој човек му е повеќе од потребна вистинска љубов, која сама по себе претставува лек за неговата душа. Кога денешниот човек ќе се сретне со вистинската љубов во Црквата, кај него настанува будење – најпрвин доаѓа интересот за Бога, па покајание и конечно, човекот почнува да ја согледува вистинската смисла на животот. Слично нешто се случува со младите луѓе кои доаѓаат да се лекуваат во нашиот манастир. Тие кај нас се среќаваат со искрена пожртвуваност и љубов, па бидејќи особено трогнати од сознанието дека сѐ овде се прави единствено од сочувство и грижа, без притоа манастирот да има било каква материјална придобивка, се отвараат како личности и се трудат во целост да се интегрираат во монашката заедница. Некои од нив се можеби избркани од дома, некои имаат кривично досие, но ние не ги селектираме: сите оние што тропнале на нашата врата и искрено побарале помош, не биле одбиени. Зашто така правеше и нашиот Спасител. Он не ги отфрлаше грешниците кои се каат, туку со Неговата божествена љубов го примаше нивното покајание и тие од грешници стануваа Христови следбеници и проповедници на радосната вест за спасението на светот. Во оваа работа, на почетокот потребно е огромно трпение и љубов, особено во првиот месец од апстиненцијата и периодот пред првата исповед, бидејќи иако тие доброволно дошле да се лекуваат во манастирот, сепак потребно им е време да се одвикнат од лошите навики стекнати од овој порок. Со оглед на тоа дека во манастирот секогаш има околу дваесетина, понекогаш и триесет деца, од кои само три до пет се новодојдени, постарите и поискусните им помагаат на новите полесно да го поминат тој прв период, па за таа цел доброволно остануваат и подолго во манастирот, иако веќе се излекувани. Сите методи на лекување во нашиот манастир се од духовен характер. Тука особено значење имаат постојаните духовни разговори и исповедта, секојдневните богослужби, светата Причест, заедничките трпези проследени со духовни поуки и секако, различните послушанија кои децата ги работат заедно со монасите од нашето братство. Сето ова овозможува децата потполно да се оттргнат од пороците и да станат здрави и нормални личности.