Perdormire
Празници

ЕПИСКОП ЈАКОВ: НЕКА НЕ СЕ ПЛАШИ СРЦЕТО ВАШЕ, ВОЈНИЦИТЕ ГО ЗАПЕЧАТИЈА ГРОБОТ, НО ХРИСТОС ПАК ВОСКРЕСНА – НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА ЈА СПРЕЧИ РАДОСТА ЗА ВОСКРЕСЕНИЕТО!

Нека не се плаши срцето ваше.

Војниците го запечатија гробот, па Христос сепак Воскресна. Така ќе биде и вечерва.

Никој не може да ја спречи радоста на Воскресението да влезе кај сите оние што против своја волја се затворени дома.

Го молам Бог во вашите срца да нема ништо друго освен љубов за сите и за се, и невечерната светлина на Воскресението.

Спомнете си и вие за мене во вашите молитви. Ваш во Христа Воскреснатиот.

Епископ Јаков