Атанас Јовев е роден во струмичкото село Муртино и затоа го добил прекарот Муртински. Бил еден од поистакнатите селски раководители на МРО, какви што биле и: Васил Наков (Дрвош), Алекса Иљашев(Попчево) Ѓорги Митушев (Три Води), Божин Ѓоргиев (Барбарево), Миљко Витанов (Робово), Панде Филев Смиљков (Дабила), Атанас Галев, Доне Јуруков, Трајко Барбутов, Мите Манавски, Андон Попов, Велко и Ристо Џолеви (Моноспитово) и повеќемина други дејци кои одиграле особено важна улога во животот на Организацијата во Струмица и струмичко.Во неговиот дом во Муртино често престојувале раководители и дејци на Струмичкиот револуционерен округ, меѓу кои бил и војводата Христо Чернопеев. Откако османлиските власти присобрале информации за револуционерната активност на Атанас Јовев-Муртински, се создала реална можност и опасност за негово затворање и изведување пред османлиските судови. Во 1906 година формирал чета, која дејствувала сè до Младотурската револуција во 1908 година.
Револуционерна дејност покажал и во периодот од почетокот на дваесеттите години од XX век кога дошло до возобновување на Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО) под раководство на Тодор Александров. Починал во 1942 година. Во неговиот дом во Муртино често престојувале раководители и дејци на Струмичкиот револуционерен округ, меѓу кои бил и војводата Христо Чернопеев!