Ден од Седумдесеттемина. Ученик на големите апостоли. Го проповедаше Евангелието во Атина и беше епсикоп: најнапред во Атина (после Св. Публиј), а потоа во градот Магнезија. Беше многу учен во светската мудрост и богат со благодатта на Светиот Дух. Неговиот животописец за него вели: „Беше како утринска ѕвезда сред облаци (Сирах 8, 6); облаците беа темното елинско незнабоштво, без светлоста на благочестието, а Светиот апостол Кодрат низ словото Божјо им заблесна на Елините како голема светлина, ја осветли темнината, ги симна скверните жртви, ги разурна идолите и демонските храмови ги разори со молитва. Но, темнината секогаш ја мрази светлината, па така и незнабошците го замразија Свети Кодрат, та по ова го фрлија в затвор и не му даваа леб сè додека не ја испушти својата света душа и не се пресели во Царството на својот Бог Христос. Свети Кодрат напиша одбрана на христијанството и му ја предаде на царот Адријан. Таа одбрана толку подејствува на незнабожечкиот цар, што овој нареди христијаните да не се прогонуваат без особена вина. Свети Кодрат пострада околу 130. година. Погребан е во Магнезија, градот во кој го заврши животот маченички.
4 октомври – Ден на Светиот апостол Кодрат
Заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли во Вип ложата во Вашингтон ги следиме инаугуративните активности на…
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски, кој е во работна посета на САД и ќе присуствува на инаугурацијата на новиот американски претседател…
Премиерот Христијан Мицкоски информира дека во Вашингтон имал вечера и одлична средба со Девин Нунес, претседавач со советодавното тело за…
Со оглед на тоа што главната улога на свети Јован се оствари на денот на Богојавление, древната Црква одреди денот…
Православните христијани во Македонија денеска го слават празникот Богојавление – Водици. Во храмовите на Македонската Православна Црква се одржуваат литургии,…
Православните христијани во Македонија денеска го слават празникот Богојавление – Водици. Во храмовите на Македонската Православна Црква се одржуваат литургии,…