Овој Собор се одржа во 787 година во Никеја, во времето на царувањето на благочестивата Ирина и нејзиниот син Константин, а за време на патријархот Тарасиј. Овој Собор конечно го утврди иконопочитувањето образложувајќи го со Светото Писмо, со сведоштвото на Светите отци и со достоверни примери на чуда пројавени од Светите икони. Меѓу другите наведени примери на чуда Кипарскиот епископ Константин го наведе и овој што ќе биде предаден овде. Некој овчар од градот Констанца еднаш штом го истера стадото на пасење ја виде иконата на Пресвета Богородица целата украсена со цвеќе од правоверните. „Зошто толкава чест да ѝ се оддава на една карпа?“, си рече овчарот (очигледно воспитан во иконоборство), па со својот железен стап удри по иконата и го расипа десното око на ликот на Богомајката. Но штотуку тргна од она место, се сопна и со истиот оној стап си го изби себеси десното око. Кога се врати ќор во градот плачејќи викаше и говореше дека го постигнала казна од Светата Пречиста. Овој Собор уште реши во антиминсот неизоставно да се вложуваат Свети мошти на маченици. На Соборот учествуваа 367 отци. По нивните молитви Бог нека нѐ помилува и спаси. Амин.
21 октомври – Спомен на Седмиот Вселенски Собор
Денес се празнува Светиот маченик Калистрат
Родум од Картагена. Христијанин од раѓање, зашто татко му и дедо му беа христијани. Еден од предците на Калистрат, Неокор,…
Струмичката компанија „МЕТАЛОПРОМЕТ“ вработува: 1. ПРОДАВАЧИ НА БЕНЗИНСКА СТАНИЦА 2. ЕЛЕКТРИЧАР 3. ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР 4. ОПШТИ РАБОТНИЦИ ЗА РАБОТА ВО…
ГАРДЕН ЦЕНТАР РИСТОВИ од Владевци, вработуваат две продавачки за продажба на цвеќиња и онлајн продажба и десет жени, општи работнички…
Друштвото за трговија МГ АСТЕРИКС поради зголемен обем на работа,има потреба од двајца дистрибутери на овошје и зеленчук. Кандидатите треба…
Струмичката компанија МАРТИ ХИГИЕНА има потреба: 1. ХАУСМАЈСТОР 2. ХИГИЕНИЧАРИ 3. АДМИНИСТРАТИВНИ РАБОТНИЦИ Сите оние кои се заинтересирани за условите…
Денес се празнува Преподобна Ефросинија
Ќерка на Пафнутиј, богат и прочуен човек од Александрија. Од бездетни родители, кои со молитва ја беа испросиле од Бога.…