ЦРКВАТА АПЕЛИРА ДА НЕ СЕ ПАЛИ КОЛЕДАРСКИ ОГАН, А ДРВЈАТА ДА ИМ БИДАТ ДАДЕНИ НА СИРОМАШНИТЕ!

јануари 5, 2019

Не палете оган на 5 јануари, не играјте оро, не прејадувајте и не пијте алкохол. Таквиот обичај е спротивен на црковното учење, велат свештениците. Според нив коледарскиот оган е пагански обичај кој не е во контекст на вистинското празнување.

Во Евангелието се вели дека навистина пастирите стоеле покрај огнот чувајќи ги своите стада. Им се јави ангел господов којшто им ја соопшти радосната вест за раѓањето на спасителот на светот. Но седеле во мир и во тишина. А ние денес околу огновите правиме толку бука што и да ни се јават ангелите за да не израдуваат со некоја весОтец Бобан потсетува дека целото тоа славје околу огновите се случува за време на строг пост, а ние за време на тој строг пост, преку паганскиот обичај, пуштаме музика, играме оро, се прејадуваме, пиеме алкохол.

Утредента треба да одиме во црква а никој од нас не е во црква. Затоа огновите, доколку сакаме да постојат, најдобро е да ги преместиме во самиот храм и притоа прво сите да присуствуваме на Бадник во самиот храм на вечерната богослужба, да излеземе надвор доколку се запали некаков оган и сите да заминеме дома во мир и тишина. Да нема прејадување, да нема алкохол, музики кои не се во контекст на христовото празнување. Па нели е пологично да има црковна музка, самите ние да пееме црковни песни, очекувајќи го празникот кој е поврзан со Бога и со раѓањето на спасителот – вели Отецот.

Отецот од скопската епархија запрашува зошто не направиме поголемо похумано дело давајќи ги дрвјата на сиромашните, наместо да ги трошиме за пагански обичаи.

Зошто трошиме толку дрвја на тој ден за ништо, кога можеме тие дрвја да ги дадеме на сиромашните да се згрејат во своите домови. Така правиме поголемо дело отколку што ќе играме ќе пиеме и јадеме вонконтекст на празнувањето на христијанските празници – апелира отец Бобан.т ние нема да ги слушнеме – вели Отецот Бобан од скопската епархија.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: