ЗОРАН ЗАЕВ ЈА ПОДНЕСЕ СВОЈАТА ОСТАВКА!

јануари 3, 2020

Зоран Заев поднесе оставка од функцијата премиер на владата. Согласно Пржинскиот договор од денес треба да почне да функционира техничката влада.

„Веројатно во моментот се поднесува. Утрово во 8.30 владата работи. Јас бев на работа, ја потпишав оставката, согласно договорот и согласно Законот за Влада. Верувам дека многу набрзо ќе стигне во Собранието за да може да почне процедурата во текот на денот за избор на преодната Влада“, вели Заев.

Денес Собранието треба да ја изгласа новата техничка влада, на чие чело ќе биде досегашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој ќе биде нов мандатар.

Наќе Чулев да биде техничкиот министер за внатрешни работи. Рашела Мизрахи ќе биде министерка за труд и социјала, Цветан Трипуновски беше предложен за заменик министер за земјоделие, Гордана Димитриеска Кочоска за заменичка министерка за финансии и Невенка Стаменковска Стојковски за заменичка министерка за информатичко општество и администрација.

Санела Шкриељ, шефица на кабинетот на Царовска, ќе биде дополнителен заменик-министер за труд и социјална политика, додека Славјанка Петровска, која е шефица на кабинетот на Оливер Спасовски во техничката влада, ќе била поставена на функцијата дополнителен заменик-министер за внатрешни работи.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ