Зеленски: Украина не сака војна, туку мир!

февруари 24, 2022

Украина предлага да се врати на патот на барање мирно решение за сегашната ситуација, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Сакаме да нагласиме дека Украина не зачекори на патот на војната, туку Украина предлага враќање на патот на барање мир – рече Зеленски во видео пораката објавена на неговиот профил на Телеграм, а пренесува ТАСС.

Тој посочи дека против Русија веќе почнале да важат најмоќните санкции во светската историја, поради, како што наведе, инвазијата на Украина.

– Во постојан контакт сум со лидерите на земјите партнери и меѓународните организации. Против Русија веќе почнаа да се применуваат првите санкции од големиот пакет, најмоќните во светската историја – рече Зеленски.

Тој посочи дека никој нема да може да ги убеди Украинците или да ги натера да се откажат од слободата и независноста на Украина.

Тој смета дека руското раководство се обидува тоа да и го направи на Русија со уништување на потенцијалот на нејзината земја.

„Сè што направи Русија од 2000 година може едноставно да се запали во живо пред очите на светот“, рече Зеленски.

Претседателот на Русија Владимир Путин синоќа во специјално обраќање до граѓаните на Русија соопшти дека донел одлука за започнување на специјална воена операција во Донбас.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ