strumica denes logo

ЖАН ДРВОШАНОВ: ДА БИДЕМЕ СОЛИДАРНИ И ЕДИНСТВЕНИ, НЕКА НИ Е ЗА МНОГУ ГОДИНИ ДЕНОТ НА СВЕТИ ПЕТНАЕСЕТТЕ ТИВЕРИОПОЛСКИ СВЕШТЕНОМАЧЕНИЦИ!

Автор:

Датум:

декември 11, 2020

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

Автор:

Датум:

декември 11, 2020

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Честитка на Претседателот на Општински комитет ВМРО-ДПМНЕ Струмица по повод Празникот на Струмица:

Во овие моменти на здравствена, економска и национална криза нашиот народ го одбрал заемното помагање и единството затоа што во примерот на нашите заштитници Свети Петнаесет имаме светол пример на истрајност и надеж. Традиционалниот ручек што Општинскиот Комитет го организира секоја година во Месниот Комитет оваа година нема да се одржи на истиот начин со масовен собир на граѓани заради мерките и правилата.

Наши членови како и многу сограѓани се погодени од последиците на Ковид 19. Некои за жал починаа, а други се соочуваат со здравствени или економски последици.
Решивме прехрамбените продукти да ги донираме во храмот на Свети Петнаесет Тивериополски маченици во Струмица. Денеска овој празник се чествува и во Куклиш каде што Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици биле погубени. Нека ни е за многу години денот на Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици.