strumica denes logo

ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА: ПРАТЕНИКОТ КОСТАДИНОВ ДА КАЖЕ – АНТИКОРУПЦИСКА ДА ПРОВЕРУВА!

Автор:

Датум:

јуни 29, 2021

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

Автор:

Датум:

јуни 29, 2021

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

РЕАКЦИЈА НА ВМРО-ДПМНЕ ОК СТРУМИЦА:

ПРАТЕНИКОТ КОСТАДИНОВ ДА КАЖЕ – АНТИКОРУПЦИСКА ДА ПРОВЕРУВА!

Во секоја нормална држава Власта може да се пофали само ако работи во полза на граѓаните.
Во случајот на фалбите на пратеникот Костадин Костадинов фактите и бројките зборуваат сосема друго.
Уништено и преземено струмичко стопанство, уништено земјоделие, образование без учебници, здравство со најголема смртност, спорт со катастрофални услови, култура со чудни случувања, масовно иселување на млади струмичани се факти кои зборуваат за едно владеење на СДСМ.

Власта во Струмица треба да одговори кои капитални проекти ги има направено во Струмица за 16 години локална власт и колкав дел од програмата на централната власт за Струмица е реализиран во минатиот мандат.

Истовремено власта треба да одговори како тоа нивните пратеници со нула денари живеат монденски во Скопје додека во Струмица со платите и пензиите граѓаните не можат да го извадат месецот.
Каде живее пратеникот Костадинов во Скопје, колку троши за гориво и, колку чини на пример неговата облека. Односно, дали има дополнителни легални бизниси.
Пратеникот Костадинов да одговори, додека Антикорупциска да провери вакво чудно однесување.

Струмичани очигледно не препознаа таква скромност и затоа рејтингот не е како што очекува Власта, па сега дејствува во паника.

Рејтинг стратегијата ,,Огледалце, огледалце” треба да биде мотивирана реално и базирана на бројки, поткрепена со факти.

Почитувани,
Очигледно зад паролата едно општество за сите се одвива редица на поткупи, притисок и тортура преку системот.

ВМРО-ДПМНЕ има за цел да го ослободи народот од диктатурата, нееднаквоста и запуштеноста на системот.

Македонија за сите луѓе!