Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струмица испратија реакција на денешната прес конференција на СДСМ Струмица (ВИДИ: Портпаролот на СДСМ Струмица, Венерка Ристовска го најави работното лето на партија) Во продолжение интегралниот текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ О.К. Струмица
Почитувани сограѓани,
Последниот прес на СДСМ О.О. Струмица е резултат на паничен напад на една власт која не може да се справи со проблемите што сама ги создава на дневна база, а камоли да се справи и да ги решава реалните проблеми на граѓаните во општината и државата.
СДСМ на прес не убедува дека за само две години власт во земјата веќе имало раст на стандардот, инвестиции и благосостојба.
СДСМ Струмица веќе 14 години е локална власт во Струмица па во последните две години Општината конечно предничи на списокот на места од кои масовно се отселува населението.
Политиката на редефинирање на Уставот, името и нацијата со репресии, хаос и злоупотреби во институциите завршува со најголемиот скандал во човечката историја кој деновиве се открива пред очите на цел свет.
Оттука и паничниот напад кој во форма на прес ги известува сограѓаните дека пратеници, раководители и замислете активисти ќе излезат на терен да се сретнат со граѓани.
Ние нема да се интересираме на кои локации ќе се реализира оваа ,,спасоносна агенда” која треба да биде наменета за сите граѓани бидејќи оваа апсолутна власт ја плаќаме сите. Наместо тоа, ние ќе ја потсетиме власта дека: улиците се нечисти и со дупки, тротоарите се растурени, депониите се множат, детските игралишта се растурени, зелените површини се запуштени, велосипедската патека е светска смешка, канализацијата не е функционална на многу места, плоштадот запуштен, каде се инвестициите додека десетици ветени проекти остануват само на хартија.
Наместо да се среќават со граѓани пратениците, градоначалниците и активистите нека се зафатат со работа на очигледните проблеми.
Но, заморот е нормална работа после толку години борба за гола власт. Многу скоро народот на избори ќе покаже дека блескат само во сопствените глави, а ВМРО- ДПМНЕ со својот капацитет ќе најде конкретни решенија за сите проблеми.
ОК ВМРО- ДПМНЕ Струмица