ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА:
Струмичкиот комитет секогаш му бил мил на Гоце и тој во нашиот регион доаѓал често.
Револуционерната традиција пренесувана низ генерации струмичани и пред се горките искуства од нас барат да го спречиме понижувањето што ни го приредува Владата на СДС во преговорите за ликот и делото на Гоце Делчев.
Тивкото мнозинство мора да го одбрани своето човечко достоинство.
Утре, Вторник 15ти Септември во Скопје со почеток во 18:30 часот ВМРО – ДПМНЕ организира протестен митинг со цел да се даде поддршка на нашите историчари и научните работници.
Општинскиот Комитет на ВМРО – ДПМНЕ Струмица Ве повикува сите кои сте во можност да се приклучите на нашиот Протестен митинг.
Гоце Делчев е нашата црвена линија!