ВМРО-ДПМНЕ: ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ ТРИ ГОДИНИ ПРЕТСЕДАТЕЛ – МАКЕДОНЕЦОТ Е ЛИДЕР НА ВМРО-ДПМНЕ!

декември 23, 2020

ВМРО-ДПМНЕ:

МАКЕДОНЕЦОТ Е ЛИДЕР НА ВМРО-ДПМНЕ!

На денешен ден, пред три години, на својот XVI Конгрес во Валандово ВМРО-ДПМНЕ го избра Христијан Мицкоски за свој

Претседател трет од своето основање.

Новиот Претседател, младиот универзитетски професор се зафати со нова енергија да ја раководи Партијата во најсложените домашни и меѓународни услови.

Идејата и заложбите на старт ги изложи во својата прва изјава:
,, Македонија мора да оди напред, да стане земја членка на ЕУ и НАТО, но потребна е реална воља.. преку професионални кадри кои ќе го подобрат живеењето на граѓаните”

Додека тој апелираше на престанок на политичка омраза на домашен план Партијата се соочи со невиден притисок од посебни институции за прогон од Власта. Затварање на членовите и нивно економско уништување, блокади на имотот и силна владина медиумска пропаганда против ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо промоција на државата на меѓународен план и борба за инвестиции власта три години упорно бара сојузници за уништување на опозицијата со разни понуди дури до цена на продажба на националниот идентитет.

Несомнено, последните три години од историјата на Македонија се најтешките во нејзиното постоење.

Од неостварен сон на Македонците сегашната власт Македонија ја врати во суровата приказна слушна само од плачот на предците.

Промена на името, предавството на националните интереси, историјата, паралелно со економската катастрофа, и здравствената катастрофа во последнава година низ разни механизми наместо како притисок врз власта практично се притисок во просторот на дејство на опозицијата.

Но, на последните избори покрај очигледниот инжињеринг со притисок врз членовите, поткуп на гласачи, ситнење на опозицијата сепак ВМРО- ДПМНЕ имаше повеќе гласови од СДСМ.

Владеачката СДСМ е во предност во само неколку илјади гласови заедно со албански коалиционен партнер и заедно со појавени наводни нови партии како изразена десница.

Зошто ВМРО-ДПМНЕ е поуспешна од СДСМ покрај целото скапо платено сценарио?

Затоа што мудриот македонски народ отсекогаш имал чувство за вистинската политика.

Христијан Мицкоски реши да не преговара со никого, да не прифати компромис за ништо.

Тој реши да биде едноставно познатиот тврд и човечен Македонец.

Тука е битот, логиката на системот за неговиот кризен менаџмент кој е математички и прецизен. Имено, среде големиот судир да се намалат последиците.

Политичар произлезен од народот знае дека нема поголема цена од човечкиот живот, од судбината на Македонецот како човек, личност и поединец.

Имено Христијан можеше да ја види од блиску трагедијата на затвараните, тепани и злоставени сопартијци и неговата политика е најдобрата можна во зло време: да се намалат штетите врз поединецот- врз човекот од Македонија.

Христијан Мицкоски успеа заедно со новото раководство да изгради став за сите прашања и покрај сите предизвици.

Ставови кои не само шо ќе го оправдат политичарот Мицкоски туку и кои ќе значат капитал на ВМРО-ДПМНЕ пред идните генерации.

Токму таквите јасни и цврсти ставови ги разгневува владините скапо платените медиуми. Пред нив Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ останува смирен и трпеливо им одговара.

Свесен за својата историска улога. Истраен во својата политика.

Нарачани прашања патетично му се повтарат за наводна состојба во опозицијата со израз на загриженост за Партијата.

Мицкоски знае дека доколку се откаже среде сложената ситуација целиот создаден политички капитал ќе биде само негов, ниту партиски ниту национален. Но интелектуалецот во својот хабит нема таква себичност.

Чести протести без наместена и очекувана суровост, со жестока критика на власта и понуда на конкретни партиски, политички и економски предлози и решенија се описот на неговата дневна агенда со која стекнува се поголема поддршка во структурите, младите и, совесните стопанственици.

Деновиве секој што сака да биде дел од политиката што, несомнено од ден во ден, добива на легендарност може да го сретне

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на протестите, на барикадите за Македонија.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ