(ВИДЕО) ВЛАДИМИР РИСТОВ: Многу ветени, но неостварени проекти на СДСМ во Струмица!

март 30, 2021

Прес конференција на Владимир Ристов, секретар на ВМРО-ДПМНЕ Струмица!

Почитувани сограѓани,

ВМРО-ДПМНЕ секогаш го слуша гласот на македонскиот народ. Нашите активности се во согласност со барањата и потребите на нашите сограѓани.

Почитувани,

Во Струмица веќе шеснаесет години СДСМ ја држи локалната власт.

Од еден во друг мандат се повторуваат истите ветувања. Во текот на четирите последователни мандати на СДСМ , Струмица нема позначајни капитални инвестиции, ниту пак постојат проекти кои придонеле за особена промена на животот во Струмица. На оваа прес конференција ќе направиме преглед на дел од изборните ветувања на СДСМ со кои ги излажаа струмичани.

– Во 2013 СДСМ и тогашниот градоначалник Зоран Заев ветија економски бум со 300 фабрики и странски инвестиции и 3000 вработувања. Ветувањата за индустриски зони и фабрики, како и помош за мали и средни претпријатија СДСМ ги нуди во сите свои програми на изборите. Граѓаните на Струмица не ги гледаат бенефитетите од лагите на СДСМ.

– Во своите програми СДСМ ветуваа решенија во патната инфраструктура, два нови булевари, подземна сообраќајница во градскиот парк, нов транзите пат околу Струмица.

– Ветуваа и проекти во културата како повеќенаменсла хала налик на Саем, веруваа туристички атракции како панорамско поврзувања на градот со Цареви Кули.

– Нереализираните ветување и остаа и во делот на социјалните политики, не изградија страчки дом во стариод суд, во делот на екологијата ги нема зелените кровови и новите енергетско ефикасни фасади

– Ги излажаа и жителите на турското маало. Таму ја нема ветената обновена инфраструктура и парк кој се ветени во сите програми на СДСМ до сега

– Проектите за населените места исто така останаа само лажни ветувања во програмите на СДСМ

Она што е интересно, за сите неостварени ветувања ја обвинуваа државната власт на ВМРО-ДПМНЕ. Но веќе 4 години, за премиер го имаат струмичанецот Зоран Заев, со што јасно покажа дека СДСМ нема интерес да работи за граѓаните на општина Струмица, а проектите кој ги вети на Струмичани за што ја доби довербата тогаш да биде градоначалник останаа неисполнети.

Во овие 16 години видовме дека СДСМ само економски ја злоупотреби општина Струмица за свои политички цели.

Доаѓаат нови локални изборите, пак очекуваме во програмата на СДСМ да видиме истите проекти кои пропуштија да ги реализираат изминатите 16 години. Но овојпат граѓаните на Општината бараат промени и луѓе кој ќе се грижат за локалните проблеми.

Бараат промени, а ВМРО-ДПМНЕ е спремно да понуди визија и проекти.

Ви благодарам

Видеото може да го погледнете со кликнување на следниот линк: https://www.facebook.com/watch/?v=462549804990061

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ