ПОЧИТУВАНИ СОГРАЃАНИ, ПОЧИТУВАНИ ПРЕТСТАВНИЦИ НА МЕДИУМИТЕ
ПОМИНУВА ЕДНА ГОДИНА ОД ФОРМИРАЊЕТО НА ВЛАДАТА НА СДСМ, ГОДИНА ЗАПАМЕТЕНА ПО ГОЛЕМО РАЗОЧАРУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ПОРАДИ НЕРЕАЛИЗИРАНИТЕ ВЕТУВАЊА ЗАПАМЕТЕНА ПО
НАЈГОЛЕМА НАЦИОНАЛНА И ЕКОНОМСКА ИСТОШТЕНОСТ.
ГОДИНА ДЕНА ВО КОЈА ДЕМОКРАТИЈАТА Е ЗАМЕНЕТА СО СТРАВОТ, ПРОЕКТИТЕ СЕ ЗАМЕНЕТИ СО ПОПУЛИЗАМ, ПРАВДАТА Е ПАРТИЗИРАНА.
ДОДЕКА ЕКОНОМИЈАТА Е НА КОЛЕНА ЗЕМЈАТА СЕ ПРЕЗАДОЛЖУВА И СЕ РАЗВИВАТ ЕДИНСТВЕНО НЕПОТИЗМОТ И КОРУПЦИЈАТА .
ПОЧИТУВАНИ,
ПРОМЕНИТЕ НЕМА ДА ГИ ДОНЕСЕ ВРЕМЕТО. ПРОМЕНИТЕ НЕМА ДА ДОЈДАТ БЕЗ НАШЕТО ДЕЈСТВУВАЊЕ.
ПОТРЕБНО Е ОБЕДИНУВАЊЕ НА ЗАЕДНИЧКИТЕ СИЛИ, МАКЕДОНИЈА ИМА ПОТРЕБА ОД НОВА НАДЕЖ И НОВА ПОНУДА И ЗАЕДНИЧКА АКЦИЈА.
ПОКРАЈ СИТЕ ПРИТИСОЦИ ПОКРАЈ СИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ ВМРО –ДПМНЕ ПОДАВА РАКА НА ПРИЈАТЕЛСТВО И ПОДДРШКА ЗА СИТЕ ИСТОМИСЛЕНИЦИ И ИСПРАВЕНО ВЕЛИ СТОП НА ОВА НЕВРЕМЕ ВО НАШАТА ТАТКОВИНА.
ЗАТОА НА ВТОРИ ЈУНИ ВО САБОТА СО ПОЧЕТОК ВО 20 ЧАСОТ ВМРО – ДПМНЕ ОРГАНИЗИРА ГОЛЕМ ПРОТЕСТ ПРЕД ЗГРАДАТА НА ВЛАДАТА.
ВО ИМЕ НА ОПШТИНСКИОТ КОМИТЕТ НА ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА ГИ ПОВИКУВАМ СИТЕ ЧЛЕНОВИ, СИМПАТИЗЕРИ И СИТЕ ОНИЕ КОИ САКААТ ДА КАЖАТ СТОП НА НА РАБОТЕЊЕТО НА ОВАА ВЛАДА, ДА БИДЕМЕ ПРИСУТНИ
НА ПРОТЕСТОТ И ДА БИДЕМЕ ДЕЛ ОД ИДНИНАТА .
ЗА ТАА ЦЕЛ ВЕ ИНФОРМИРАМЕ ДЕКА СЕ ОРГАНИЗИРА АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ И ПОАЃАЊЕТО ЌЕ БИДЕ ВО САБОТА ВО 16 ЧАСОТ ПРЕД ТИНЕКС.
ГИ ПОКАНУВАМЕ СИТЕ КОИ СЕ ЗАГРИЖЕНИ ЗА СВОЈАТА ТАТКОВИНА ДА ЗЕМАТ УЧЕСТВО ВО ГОЛЕМИОТ АНТИВЛАДИН ПРОТЕСТ ПОД МОТО:
МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПОБЕДИ.